За цел на предметот Вградливи микропроцесорски системи, направив Smart Cane за лица со оштетен вид со помош на Arduino софтверот и Arduino UNO R3 плоча.
Дали ги имате забележано лицата со оштетен вид?
Нивниот живот е полн со ризици. Тие не можат да се движат без помош на другите. Нивните животи секогаш зависат од други, па преку овој проект ќе ви ја доловам суштината и имплементацијата на мојата идеа. Користејќи ја Arduino платформата, вклучена во програмата по предметот Вградливи микропроцесорски системи, се решив да направам Паметен стап за слепилица (Smart Cane). Со помош на оваа направа, лицето со оштетен вид ќе може да оди без ничија помош. Паметниот стап автоматски ја открива пречката пред лицето и му дава одговор на лицето во вид на вибрација и/или звук, како начин за предупредување. Преку ова, слепото лице ќе биде свесно за препреките пред него, и ќе може да ги одбегне. Користејќи го Embedded Development Life Cycle (EDLC), ќе го прикажам општиот pipeline за развој на овој продукт. Почнувајќи од планирање и анализа, дизајнирање, имплементација и како за крај, продукција на финалниот производ.
Линк до TinkerCad имплементација: https://www.tinkercad.com/things/dd2204nD9In